Изгледа дека Лејди Гага и модната дизајнерка Донатела Версаче се многу добри пријателки – со оглед на тоа дека Гага не се срамела да се разголи во куќата на покојниот дизајнер Џани Версаче.
Пријателките во бањата ги фотографирал познатиот фотограф Тери Ричардсон, а на провокативните фотографии пејачката, по жестоката забава, се соблекла топлес, а потоа Донатела и го ‘шмукла’ палецот. Многумина коментирале дека Гага и Донатела се слични како да се мајка и ќерка, а за нив, како што велат, овие сопредби им ласкаат.
Подоцна Тери и самиот застанал пред објективот, а фотографиите подоцна ги објавил на Твитер. Тери и Гага се многу добри пријатели, па затоа конторверзната пејачка неодамна, кога мајката на Тери починала, во нејзина чест ја избричи главата. “Тоа го направив за тебе Тери. Жал ми е што принцезата почина”, напишала во потресната порака.