Есенска нега: Лицето бара хранлива крема и добра храна!

popara8 октомври, 20121min00
nega na lice
Кога ќе настапи есента треба да ја промените летната хидратантна крема, тоникот и пудрата, со цел да не ви ја исушат дополнително кожата и да набавите побогата верзија, а воедно и сезонски намирници кои ќе ви овозможат внатрешна хидратација на организмот.
Со промена на времето потребно е да внесете и промена во негата на вашата кожа која е дехидрирана поради сонцето и другите надворешни фактори и така да ја припремите за есенските денови.
Пилинг
Првиот чекор за припрема за хидратација на кожата е редовен пилинг кој ќе ги тргне мртвите клетки од кожата кои ги затвараат порите . Лугето кои имаат осетлива кожа треба да прават полесен пилинг. Во аптеките или дрогериите да побараат крема за пилинг за осетлива кожа која содржи помалку хемикалии.
За проблематична кожа со акни е наменет вообичаениот пилинг на база на глина и цинк кои можат да се најдат во дрогериите како специјализирани хемиски пилинзи кои исклучиво се работат на козметичар по препорака од дерматолог.
За нормален тип на кожа одговараат сите врсти на пилинг, освен оние наменети за масна кожа. За нормлна кожа дури може и сами да си приготвите дома домашен рецепт за пилинг на лицето.
Хидратација
Летниот гел за миење, тоникот и пудрата со матирачки ефект во есенските месеци може дополнително да ја исушат кожата. Исто така може да и дадат доплонителен сјај на одредени места, а пак на други да се појават лишаи поради недостаток на хидратација. Поради тоа потребно е да набавите специјална крема која ќе овозможи добра хидратација без претерано маснење на косата. Ова е особено важно за оние кои имаат проблематична кожа за која е најубаво прозиводите да ги набвите во аптека.
Ако имате сува кожа можете да купите и обични хидратантни креми наменети исклучиво за вашиот тип на лице. Ако приметите перутзње на одредени делови на лицето можете да искомбинирате етерични масла во комбинација со кремата.
Заштита од сонце
Иако есенското сонце може да ви се чини слабо, не заборавајте дека во овие месеци е добро да користите крема и пудра со заштитен фактор кои ќе го блокираат влијанието на штетните зраци. За средна до темна боја на кожата доволен ќе биде од 6 – 10 заштитен фактор, додека за оние со изразено бледа боја кожата треба да користат прозиводи со 20ка фактор.
Сезонски намирници
Сезонските намирници како крушка, брокула, грозје, сливи, малини ќе и овозможат на вашата кожа витамини А, Б, Ц и Е, како и железо, цинк, калциум и калиум. Поради тоа обидете се намирниците да бидат што е можно во поголема количина и секако заедно со нив да внесувате доволно вода, така што вашата кожа ќе има целосна внатрешна хидратација.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag