Ако ги сакате летните плодови, не мора да давате куп пари за да купувате увезено овошје. Можеби и нема да купувате кога би го знаеле ова.
Имено, научниците сметаат дека смрзнатото овошје и зеленчук имаат подеднакво хранливи состојки како и свежото.
Интересно е тоа што се можеби и покорисни од свежите, бидејќи плодовите се смрзнуваат веднаш кога ќе се наберат, а не патуваат со денови додека да стигнат кај нас.
Друга важна работа е што кога се замрзнуваат тоа се брави многу брзо, се ставаат во ладилници кои веднаш ги смрзнуваат, за разлика од нашите кои ги имаме дома кои смрзнувањето го прават поспоро.
Меѓутоа треба да обрнете внимание на составот, доколку сакате да јадете здрава храна тогаш смрзнатите плодови не треба да содржат дополнителна количина на сируп и шеќери.