Дознајте ја својата љубовна судбина за октомври!

popara8 октомври, 20121min00
ljuboven horoskop

Погледнете што се ве очекува на љубовен план во текот на месец октомври.

 ОВЕН

Работната динамика наметнува нови дилеми и односи со вработените, околината ви дава на дознание дека не секогаш ги одобрува вашите ставови и однесувања. Сепак, стратегијата која ја спроведувате на крај носи позитивни резултати , особено во финансиска смисла или во правец на професионално усовршување. Преостанува да ја унапредувате својата популарност во работното опкружување. Нема потреба да заострувате ривалски однос со особа која има големо влијание во околината. Во период од 11ти октомври ве очекуваат корисни средби кои најавуваат добра перспектива во работата со која се бавите.  Ова е поволен период за јавен настап, за тестирање и проверка на практично знаење или професионални способности. Инвестирајте во своето знаење и можности во перспективна работа. Поминувате низ различни емотивни фази, но решени сте да ги превземете работите во свои раце. Поради бројните средби или динамични случувања кои ве пратат во друштвениот живот делувате атрактивно и привлечно за личностите во вашето окружување. Меѓутоа од време на време не можете да ги контролирате вашите страсти или заносот кој го чустувате спрема блиска особа, а тоа може да се рефлектира во контрасти. Понекогаш спонтаноста и изразувањето на чуства претставува најдобар одговор. Важно е да го усреќите вашиот партнер или да осетите взаемна наколнетост. Во љубовта, на добрите со добро им се враќа. Љубовта или чуставата ни даваат најголема сила ако правилно ги насочувате. Нема причина за нови љубовни предизвици, но бидете претпазливи и доволно искрени во изразување на своите чуства.

БИК

Делувате одлично во своите намери и умеете да оставите добар впечаток во средбите со соработниците. Околностите се на ваша страна и до изразеност доаѓаат вашите прегоаварчки или практични вештини. Важно е во одлучувачките моменти првилно да ја дозирате својата предност во однос на бизнис конкурентите. Од време на време вашето внимание го одвлекуваат работи кои подразбираат одреден степен на  ризик или лидерска улога. Во периодот околу 20ти октомври, можно е да дојде до финансиска криза, што ќе ве мотивира да прифатите некои дополнителни работи. На крајот на месецот ве очекуваат подобри услови и добра прилика да ја дуплирате својата заработка. Нема потреба за лажна скромност или за професионална несигурност, покажете дека поседувате широко знаење и добри вештини. Повремено како да ви недостасува нечие емотивно разбирање , имате чуство дека полека се оддалечувате една драга особа. Потребно е искрено да разговарате со својот партнер или отворено да ги преиспитате заедничките планови. Во љубовта не треба да играте погрешна улога лажејќи се себеси дека е можно да држите се под контрола и така да се заштитите од емотивно разочарување.Важно е да ги корегирате своите пропусти, се можно да исправите и да го подобрите под услов да се потпрете на своите чуства. Ако сте млади или слободни, чустувате емотивна несигурност и вашето вниамние често го привлекуваат особи со различни профили. Тек кога ќе ги сватите вашите емотивни заблуди, тогаш ќе можете да направите добар избор. На ваша среќа вашите љубовни сништа и планови можат да се остварат.

БЛИЗНАЦИ

Пред соработницитеделувате доста интерсно, често се наоѓате во добра позиција секој пат кога ќе се одлучите за широки деловни интересни. Бидејќи сте особа која води грижа за своето професионално усовршување и материјални интерси, тешко можете да се помирите со ситуацијата дека некој ги огрничува вашите барања. Вас ве импонира работа во која до израз доаѓаат вашите практични способности и ефикасност. Во период  до 19ти октомври потребно е да ги исполните вашите редовни обврски или да подмирите некои финасиски долгови. На крајот од месецот обрнете внимание на својот работен имиџ, стил, истажување или јавен настап. Поголем број од деловните цели успешно може да ги сотварите благодарејќи на добрата соработка и различните контакти.  Се наоѓате во сјајна форма и доста ви е битно да се представите во совршено светло пред особата која ви се допаѓа. Делувате силно и заводливо во различните средби и умеете да ја шармирате вашата околина. Љубовната среќа е можна да ја остварите само со партнер кој ви одговара. љубовната атмосфера со емотивни позитивни емоции има посебна моќ која ве тера на акција. Се е лесно кога ќе се сложат љубовните коцки во една романтична слика. Ќе ви прија сентименталната нота која партнерот ја внесува во заедничкиот живот со моменти на романтика и страсти.

РАК

Внимателно ги анализирате различните прилики на деловната сцена и не сакате да се помирите со некои просечни стандарди кои владеат во вашата околина. Барате поефикасен  начин на работење како би можеле да напредувате, но постојат ситуации кои бараат поширок договор и компромис. Стандардците ви замеруваат дека пополека преминувате преку одредени понуди или дека премногу се водите од личните проценки, не земајќи во предвид нечие друго мислење. Во периодот околу 20 октомври, зголемете ја инцијативата како би ги решиле некои имотни, правни или статусни прашања. Успешните формули ги повторувате во различни ситуации, како гаранција за бизнис или паричен добиток. Експериментите може да ги применувате само во проверени ситуации, кои не ги надминуваат вашето знаење и искуство.  На крајот од месецот, очекувајте значајни промени. Во комбинација со расположението делувате заносно и водите активен друштвен живот, често се наоѓате во прилика да остварите нови и необични емотивни контакти. Сепак, вашето емотивно интересирање за одредена особа не е со траен карактер. Нема потреба да играте со погрешна улога, затоа што лошиот потег може да ви го искомплицира љубовниот живот. Ако посакувате страсна авантура, тогаш вас ништо нема да ве спречи да ги остварите тајните намери. Ве импонира сознанието дека будите внимание и дека оставувате голем впечаток кај околината. Ако сте млади или слободни, ве очекуваат занимливи средби. Во претпознатливо однесување способни сте да применувате тактика која ви одговара да ја заведете одредената особа. Важно е да освоите нечии искрени симпатии и да имате вистински поттик или емотивна инспирација.

ЛАВ

Благодарејќи на добрата стратегија умеете да привлечете внимание кај бизнис партнерите и да ги истакнете своите способности, така што вам секогаш ви припаѓа некоја важна улога. Колегите го вреднуваат вашиот успех, што вас додатно ви овозможува да ширите контакти или поголема слобода на бизнис истражување. Важно е да направите добар избор. После тест ситуацијата, ве очекува забрзано напредување. Потребно е својата елоквентност да ја подредите во тренд кој ветува практични или материјални резултати. Во финансиска смисла се нааѓате во позиција да ја зголемувате вашата заработувачка и да решите некои имотни прашања. Во период од 19ти октомври обрнете внимание на можностите на лично усовршување, на јавни настапи, професионално напредување или здружување на бизнис интереси. Во комбинација со својата природа имате големи емотивни очекувања и можете да поставите различни потреби. Ви се чини дека вашиот пертнер нема доволно разбирање за вашите потреби, тие некои зачестени конфликти дополнително влијаат на вашето мрзоволно расопложение. Склони сте кон изненадни изливи на лутина кај луѓето, на тој начин се обидувате да се ослободите од негативните тензии. Но импулсиваната реакција и големите изливи на емоции, може да ве одведат на погрешна одлука. Недостатокот на оптимизам се обидувате да го надоместите во некои надворешни забави или во алтернативно друштво. Ако сте млади или слободни, во период околу 11ти октомври ве очекуваат нови средби и различни повици. Но сепак, вие повеќе сте заинтересирани за неформални контакти од колку за емотивно врзување. Љубовната романса понекогаш може да биде доста чудна, но без искрени размени на чуства таа ја губи својата права вредност и смисол.

ДЕВИЦА

Озбилно размислувате за промените во некои современи модели во работата и делувате доста амбициозно пред своите соработници. Предност давате на работите кои носат практични резултати. Имате доволно енергија и сакате да го подобрите својот материјален статус. Различните понуди и случувања ги проценувате врз ознова на критериумите за вредности. Тактиката која ја применувате претставува помудар потег во работното однесување. Во периодот од 17ти октомври, ве очекува напредување на бизнис полето, некој ќе ги награди вашето знаење и професионалните способности. Важно е да постигнете нови работни контакти и да ги здружите своите интереси со соработниците кои имаат слични идеи и интересни цели. Ќе постигнете современи идеи и позитивен тренд во своето професионално истражување. Од време на време како да ви недостасува оптимизам, но не и потреба за романтика или авантуристичко доживување. Благодарејќи на промисленоста успевате да освоите нечие емотивно внимание и да пронајдете ефикасно решение за своите дилеми. Избегнувајте конфликтни ситуации со блиска особа, за да ја сочувате драгоцената енергија и психолошка рамнотежа.  Љубовните недоразбирања кои го нарушуваат односот со вашиот партнер не се познати, но бараат големо трпение и заедничко вложување. Ви годат интересирањето, комплиментите или вниманието кое го добивате во друштво на спротивниот пол. Имате претчуство дека вам ви претстои нова љубовна романса или занимливи емотивни средби. Во склад со својот темперамент , делувате доста атрактивно и неодоливо. Некој во вас предизвикува емотивен занос и иснпирација, уживате во тоа дека другите во вас гледаат пливлечна и шармантна личност.

ВАГА

Со идеите кои ги имате важно ви е да се наметнете пред влијателните соработници или во донесувањето на важни одлуки. Активно учествувате во новите збиднувања и тежнеете кон професионално усовршување, но вашите работно финансиски можности во голема мера зависат од ситуациите кои ги диктираат вашите соработниции претпоставени. Важно е правилно да ги дозирате вашите барања во склад со заедничките интереси. Ефикасноста во работењето или снаодливоста во делувањето, потенцијално претставува ваш  главен адут. Во периодот од 21ви  Октомври, ве очекуваат нови успеси на различни страни, напредување на професионален план и нови можности. Потрудете се да ги проширите видиците на своето знаење. Имате добро претчувство околу емотивните барања, така што посакувате хармоничен однос или нова љубовна романса. Во наливот на страсти и чувства вашето внимание го привлекуваат необични средби и  умеете да препознаете емотивни сигнали на различни страни.. Нема потреба да се навраќате на некои неостварени или немили ситуации од своето љубовно минато. Важно е да ги поставите своите приоритети во заедничкиот живот. Партнерот не може да одолее на вашата појава и  шарм. Делувате многу заводливо во ситуации кога јасно ги покажувате своите искрени чувства. Љубовта има најјака страна, но неа треба да ја поттикнете со размена на чувства.  Покажете и ја на саканата особа својата убава и возбудлива страна на личноста. Ако сте млади и слободни, ви претстои нова или ненадејна љубовна романса која ќе ги задоволи вашите очекувања и разновидни желби.

 

ШКОРПИЈА

Имате чувство дека се наоѓате во деликатна ситуација, бидејќи ви се чини дека страдате заради нечие оспорување или заради конфликти околу професионалните интереси.За среќа тоа е само минлива фаза, и немој те да ја губите самодовербата и контролата над  важните збиднувања. Во периодот од 6 октомври, новата професионална стратегија може да ви обезбеди подобри услови и позитивни резултати. Без разлика на различните мислења за професионалните приоритети , сочувајте добар професионален однос. Избегнувајте професионално ривалство или одмерување на професионалните способности во односот со соработниците. Кон крајот на месецот прифаќате активна улога на различни страни и можности за професионално здружување.Обратете внимание на некои корисни средби и прилагодете ги своите ставови во правец кој ќе ви донесе конкретни резултати. Се случува под влијание на силни емоции често да го менувате своето расположение и своите одлуки. Не сакате некој да ве доведува во подредена ситуација или да врши психолошки притисок, затоа одбивате покорна улога. Сепак,саканата личност вешто користи заобиколен начин во остварување на своите намери,што дополнително поттикнува во вас емотивна несигурност. Нема потреба да се задржувате во ладна емотивна оддалеченост, своите чувства не можете да ги дозирате. Добрата желба,нежност или емотивно внимание, претставуваат најдобар одговор. Важно е дека чувствувате емотивен флуид и задоволство во нечија близина. Ако сте млади и слободни, играта на заведување може да ве инспирира за ново задоволство. Љубовната романса треба внимателно да се поттикнува, без искреност таа ја губи својата права вредност и значење. Кон крајот на месецот ве очекува нов напредок и љубовен успех.

СТРЕЛЕЦ

Се наоѓате во креативна фаза и важно е јасно да ги дефинирате своите професионални приоритети и цели во договор со блиски и доверливи  соработници. Внимателно проверувајте ги новите информации на работа за да можете да ги остварите своите долгорочни интереси. Новата можност и работните контакти треба да ги гледате со долгорочна перспектива. Во одреден момент побарајте нечиј совет, пред да се впуштите во нова акција на работното место. По големите напори ќе следи и добра награда или позитивни резултати. Во периодот по 7ми октомври потрудете се да ги завршите важните работи кои ќе ви обезбедат подобар друштвен статус или други олеснувања. Кон крајот на месецот ве очекува професионално финансиска добивка или некој вид на јавно признание. Важно ви е да ја пребродите еморивната криза и немирот, така да се наоѓате пред нова одлука која сакате да и ја соопштите на саканата личност. Можно е партнерот да изрази негодување и да настојува да ве убеди за некој друг начин на разлислување. Привременото одалечување од саканата особа или емотивната дистанца треба да ве поттикне на добро решение.Во расветлувањето на љубовните дилеми  важно е да ја сочувате внатрешната енергија и психолошка рамнотежа. Се добро се решава по принцип на договор и со заедничка емоција. Направете се што е потребно да ја сочувате својата љубовна среќа и личноста која ви значи. Ако сте млади или слободни, честите љубовни средби и контакти влијаат како замена за некои неосварени желби кои ги имате. За среќа ве очекува добар љубовен епилог и заедничко задоволство.

ЈАРЕЦ

Потребно е да смислите подобар деловен настап, кој ќе ви овозможи оправдано да ја наметнете својата улога во друштвото на соработниците. Прашањето околу деловните соработници и довербата во дел од нив ве тера добро да размислите пред да се одлучите за основна стратегија. Немојте да дозволите да ве оптеретуваат некои споредни случувања, внимателно одберете приоритетни цели и со будно око пратете ги новите случувања на деловната сцена. Од 8ми октомври , ве очекуваат позитивни промени и можност за професионално усовршување и контакти со странство. Некои го пратат и копираат вашиот стил. Чустувате емотивно издигнување, така да во завсност од ситуацијата го менувате своето расположение или одлуки. Умереност во изразување на чуства претставува голема доблест. Важно е да го усреќите вашиот партнер. Ако сте млади или слободни ви престојат кратки љубовни авантури , како замена за некои неисполнети желби. Уживајте во љубовните предизвици, но бидете и доволно искрени во изразување на своите чуства. Љубовната среќа е можна и достижна. Потребно е да ја сочувате љубовната среќа, како и личноста која ви значи.

ВОДОЛИЈА

Поттикнувате кај себе креативна љубопитност и самодоерба, како додатни способности со убрзан професионален напредок. Потребно е да ги проширите вашите научни видици и да се прилагодувате на различни работни услови. После големите залагања ќе дојдат и добри резулати. Со гордост и без лажни скромности можете да го одбележите вашиот професионален успех. Во периодот од 7ми октомври , ве очекува добра прилика на професионален план. Обрнете внимание на различните средби, понуди или на контактите со странство. Некој е спремен да ги поддржи или награди вашите оригинални идеи. Сочувајте ја оптимистичката ориентација со цел на ефикасен начин да ги остварите вашите деловни интереси. Имате чуство дека на вашата психолошка и емоционална сигурност најдобро делуваат добро испланираните или однапред испланираните ситуации. Важно ви е да се однесувате сериозно и одговорно во љубовниот живот или во односот со саканата личност. Доколку постои добра прилика прифатете нова љубовна романса. Ако сте млади и слободни потенцирајте го стилот на заведување.

РИБИ

Делувате доста амбициозно со идите кои ги имате и доста сериозно пред вашите сорабоници. Со желба да остварите успешни резултати спремни сте да прескокнете некои утврдени стандарди во работното изразување. Имате доволно енергија и се наоѓате во креативна фаза. Битно ви е да го подобрите својот деловен статус. Со добра волја неопходно ви е големо трпение или мудрост за да ги остварите своите професионални цели. Ве очекуваат успешни резултати на различни страни во период од 8ми октомври. Потребно е да воспоставите нови критериуми на вредности во однос на оваа тема.  Актуелните случувања на деловната сцена отвараат нови перспективни  можности. Сепак за долгорочен деловен успех потребен е добар органзционен план, припрема и поддршка од соработниците. Во комбинација со инспирацијата која ве прати делувате доста заносно, енергично пред блиската особа. Умеете да ги остварите своите љубовни намери. Понекогаш во емотивен занос ви се чини дека се евозможно и лесно. Вашиот љубовен стил или способност за заведување делуваат доста ефикасно. Ви годи вам нечија емотивна наколентост и внимание кое го добивате во друштво. Свесни сте за своите квалитети и за тоа дека привлекувате различни погледи и коментари. На особата која ви се допаѓа јасно и давате на дознание дека сакате хармоничен однос, возбудлива романса и страстна врска.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag