Јапонците уште еднаш покажаа колку се добри во изработка на автомобили, пласирајќи го најнискиот патнички автомобил на светот, кој се нашол и во Гинисовата книга на рекорди.
За работата да биде уште поинтересна, а неговата конструкција се задолжени ученици од средно училиште, во градот Асакучиј. Проектот носи наслов “Mirai”, што во превод од јапонски значи, иднина.
Од земјата до највисоката точка на возилото има 45,2 сантиметри, што е речиси за шест сантими пониско од претходниот рекорд, автомобилот по име “Flatmobile”. За разлика од тој модел, кој претставувал реплика на ‘Batmobile’, ‘Mirai’ би можел да се најде на улиците, а се движи со помош на батерии.
“Може да биде застрашувачки кога го возите Mirai по прометните улици, особено бидејќи површината на патот е блиску до самиот возач. Тоа е, од друга страна, реална можност поголем автомобил да ве прегази”, изјавил Харад Казунари, директор на училиштето Асакучиј.
Токму поради тоа, Mirai во придружба има два автомобили со “нормална” големина – еден напред, еден зад себе, а како што изгледа кога ова “џуџе” ќе се најде на улица, погледнете во продолжението.