Потребни состојки:
- 6 јајца
- 100 мл павлака
- 50 мл јогурт
- 500 гр смрзнат зеленчук
- 200 гр младо сирење
- 2 лажици оригано
- 1 лажица кари
- 1 лажица сенф
- сол и бибер
Начин на подготовка:
Најпрво изматете ги јајцата, па додадете им сол, бибер, павлака, јогурт, сенф, рендано сирење и сипете ја смесата во тава за печење која претходно сте ја намачкале со маргарин.
Потоа врз смесата сипете го зеленчукот без претходно да го варите. Зачинете со кари и оригано, па одозгора ставете уште еден слој од ренданото сирење. Ставете ја тавата во загреана рерна на 180 и печете околу 30 минути.