Нокиа го отфрла името “Ovi”

popara16 мај, 20111min00
nokia-ovi-logo

Финската компанија започна со спроведување нова стратегија која би требало да и помогне да ја задржи сегашната позиција на пазарот и да се спречи понатамошна загуба. Откако ги отфрлија MeeGo и Symbian платформата, уште еден белег на старата Нокиа веќе нема да постои. Почнувајќи од јули или август оваа година сите Ovi сервиси веќе нема да бидат така нарекувани, но ќе бидат преименувани на пример во Nokia Maps.

Процесот би требало да биде завршен на сите пазари до крајот на 2012 година. Оние кои ќе купат некој нов уред од Нокиа, со него ќе добијат сервис под ново име, а за корисниците кои имаат стари уреди, до промена ќе дојде при ажурирање на софтверот.

Целата на оваа измена, според зборовите на Џери Девард од Нокиа, е цантрализирање на идентитетот на Нокиа сервисите под еден бренд, со што би го направиле појак.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag