Љубовта повторно затропа на вратата на Џим Кери.
Последните неколку месеци 50-годишниот актер се забавува со 26-годишната make up стилистка Катриона Вајт.
“Таа е од ирскиот град Типерари, а во Лос Анџелес дошла со цел да изгради кариера на филм. До сега веќе работела на неколку филмови како асистент за изработка на филмски маски, а така го запознала и Џим и се надева дека неговиот статус – ѕвезда ќе и помогне во кариерата”, вели близок извор на Џим Кери.
Џим во 2010 година се раздели со долгогодишната партнерка Џени МекКарти, а зад себе има два пропаднати брака. Со Милиса Вомер беше во брак од 1987 до 1995 година, а со Лоерн Холи од 1996 до 1997 година.