Старлетата и учесничка во Големиот брат станала заштитно лице на еден познат италијански бренд за обувки.
Сораја Вучелиќ станала заштитно лице на италијански бренд за чевли. Старлетата изработила промо – фотографии, а тоа го направила во најзин препознатлив стил – позирала гола, само со високи потпетици на нозете! Но тешко дека некој, покрај провокативното тело, ќе ги погледне стопалата! Иако и претходно се фотографирала гола, Сораја открива дека била премногу возбудена, бидејќи ова е една од најдобрите понуди која ја фрифатила во последните неколку години.
-На самото снимање беше многу интересно и веднаш бевме задоволни од фотографиите, па одлучивме дека нема потреба многу да се обработуваат во Фотошоп. Не ми беше непријатно што се фотографирав речиси без облека, сето тоа е дел од работата. Бев вознемирена, бидејќи се работи за голема работа, но на крајот се испадна како што треба. Не сакам да откривам колкав ми е хонорарот, само ќе кажам дека сум задоволна, изјавила Сораја.