Добила телефонска сметка од 11.721.000.000.000.000 евра

popara11 октомври, 20121min00
telefon

Една жена од Франција овие денови добила телефонска сметка која не би можела да ја плати ниту финансиски богата држава.

Операторорт “Buiges” оа југозападниот дел на Франција на една поранешна корисничка и испратил сметка во која, очигледно, дошло до голема забуна.

По откажувањето на услугите од операторот, жената добила писмо со барање да ја плати сметката во износ од  11.721.000.000.000.000 евра, т.е. 11,7 трилиони евра.

“На сметката имаше толку нули што не знаев за колку пари се работи”, изјавила шокираната Солен Сан Хозе. Повеќе повици кон сервисниот центар биле неуспешни, бидејќи и било кажано дека сметките ги издаваат автоматски и дека мора да го плати наведениот износ.

Меѓутоа, портпаролот на операторот AFP ја признал грешката и рекол дека вистинскиот износ кој жената треба да го плати е 117,21 евра. Поради грешката која се случила со операторот, по интересот на медиумите, одлучиле на поранешната корисничка да и го простат, и овој за многу нули, намален износ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma