Во книгата “Не дозволувајте вашата гардероба дa направи да изгледте постаро” постојат корисни совети како визуелно да ги покриете годините, а ние издвоивме 6 наједноставни трикови.
НАКИТ
Освежете го својот класичен стил со интересни ракавици или обетки, џемпер со долги ракави во комбинација со здолниште со тиграст дизајн и оставете впечаток на млада жена.
ПРИКРИЈТЕ ГИ КИЛОГРАМИТЕ
Парчето гардероба што ќе го направи тоа треба да го прикрие вашиот стомак и да ги направи вашите нозе да изгледаат долги и слаби. Интресен предлог е кратка сечена јакна.
СТИЛОВИ
Направите рамнотежа помеѓу различните стилови на облекување кои на себе имаат женствен детал, кои одлично ќе се искомбинираат со чизми со метални детали и со ланче со боцки.
ПОКАЖЕТЕ ГИ НОЗЕТЕ
Скратете ја должината на вашиот омилен фустан, а за оние срамежливите препорачуваме да облечат црни хулахопки под фустанот.
ОТКРИЈТЕ ГИ РАМЕНАТА
Ослободете се од несигурноста и слободно покажете ги вашите адути, прав избор за вас ќе биде ролка без ракави.
ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИ ФАРМЕРКИ
Најдобро решение се темни фармерки. Со нив носете рамни кратки чизми и ќе изгледате одлично.