Најдебелата тетка на светот: Седнала на внукот и го угушила!

popara11 октомври, 20121min00
Majra-Rosales-

Мајра Росалес тврди дека го угушила синот на својата сестра, но адвокатите и обвинителите сметаат дека таа ја превзема вината наместо мајката на момчето,кога го убила со четка.

Мајра Росалес, тешка околу 450 килограми, тврди дека го убила својот внук Елис Џуниор (2), така што легнала на него и го угушила. Сепак, адвокатите и обвинителите се сомневаат дека таа ја превземала вината за да си ја спаси сестрата, мајката на несреќното дете.

Во 2008-та, Мајра тврдела дека детето случајно се превртело на нејзиниот кревет и така легнала преку него и го загушила. Меѓутоа, нејзиниот адвокат вели дека приказната уште од почетокот е многу сомнителна. Нејзината изјава сериозно е доведена во прашање, во моментот кога лекарите утврдиле дека починало од удар, а не од гушење.

Сега Мајра вели дека видела како нејзината сестра со четка го удирала Елис по рацете, ногата и главата, но решила да ја преземе вината за деца на нејзината сестра да растат со мајка.

Иаку, Мајра Росалес е тешка речиси 450 килограми, што е доволно да биде квалификувана како една од најдебелите жени на светот, веќе неколку години не може да стане од креветот. Нејзиниот адвокат вели дека е потешка од пет просечни мажи.

-Кога ќе влезете во нејзината соба, гледате дека е покриена со ќебе. Исто така, околу оние перници, и не ги разликувате од нејзиното тело. Ако излезете од соба и повторно се вратите, повторно мислите дека гледате перници. Но, кога ќе направите круг, сфаќате дека тоа е сепак Мајра, вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma