Постојано имате проблем со килограмите???
Сакате да согорите повеќе калории од вообичаените???
Погледнете како да го сторите тоа !!!
Јадете повеќе протеини
Протеините се основата на секој мускул, што повеќе мускулна маса имате толку побрзо ќе ги трошите калориите.
Намалете го стресот
Невозможно е да се живее под стаклено ѕвоно без грижи и стрес… Но константната анксиозност на Вашето тело да произведува премногу кортизол, и константното високо ниво на хормон стрес го менува начинот на кој телото ги троши маснотиите. Под тие услови организмот ги наталожува масните материи во пределот на стомакот и задникот. Затоа пробајте да бидете посмирени, експертите препорачуваат секојдневно консумирање на витаминот Б6, со што ќе го намалите нивото на стрес хормонот во вашето тело а истовремено ќе бидете и посмирени и организирани.
Бидете кардио фан
45 минутни кардио васкуларни вежби ќе го забрзаат метаболозмот за неверојатни 37 проценти во наредните 14 часа. За време на вежбите трошите екстра енергија, а по вежбите трошите повеќе калории и енергија без да знаете, бидејќи вашиот метаболизам го прави своето.
Вратете ги своите изгубени мускули
Со секој поминат ден мускулите ја губат својата еластичност и свежина, затоа пробајте со разновидни вежби да ги зајакнете своите мускули, колку повеќе мускули толку побрз метаболизам.
Спијте
Само две недобро преспиени ноќи може да го натераат вашето тело да произведе голема количина на хормонот ghrelin, кој пак ја стимулира глад. Недостатокот на сон го нарушува и намалува метаболизмот, а тоа влијае зголемувањето на таложење на масни материи. Седум до девет часа се оптимални за брз метаболизам се над тоа и под тоа време ја намалува телесната активност.
Јадете овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот и природните влакна кои ги содржат го забрзуваат Вашиот метаболизам. 100 грама зеленчук или овошје и Вашиот метаболизам ќе се зголеми за неверојатни 20 проценти.