Со оглед на објавувањето на новата реклама за парфемот No. 5, модната куќа Шанел снимила видео како настанал најпродаваниот мирис на светот. За прв пат, во новата реклама за Шанел 5 глуми и актерот Бред Пит.
Со објавувањето на рекламата во компанијата Шанел ја откриваат тајната, како всушност настанал парфемот. Силната желба и визија на Коко Шанел е заслужна за успехот за најпродаваниот и најпознатиот парфем на светот.
Прв пат, во 1921 година дизејнерката го направила својот сопствен мирис, прв од тој тип на мириси. Коко Шанел за својот мирис рекла “Женски парфем со мирис на жена”. Нејзиниот мирис треба да биде подеднкво важен како и нејзиниот стил на облакање. Таа рекла дека жената треба да става парфем на сите оние места каде што сака да биде љубена.
Овој мистериозен парфем зрачи со екстравагандност, богатство од цвеќиња, букет од дури 80 цвеќиња. Иако нејзината желба било да преовладува мирисот на јасмин, висока нота имаат лимунот, аледехида, горчливот портокал, а во срцето на композицијата се јасминот, ружата, ирисот, ванилата, амберот.
Шанел 5 ја заменил алхемијата со иновативната употреба на алдехидот кој дава јачина на парфемот, покрај лимунот кој го нагласува вкусот на јагода. Така е направена нотта на мирисот кој го направи овој парфем мистериозен и невозможен за откривање на неговата формула.
Парфемот го добил името Шанел 5 по петтиот примерок кој креаторот Ернест Боу и го претставил на Коко Шанел.
Парфемот Шанел 5 станува икона на 20тиот век, а во 1959 година ја добил наградата МОМА од музејот во Њујорк. Популарноста на парфемот се ширела од Америкаа се до Јапонија. И така станал најпродаваниот парфем во светот.