Професионални beauty совети со Дадар

popara12 октомври, 20121min00
dadar

Како правилно се нанесува мејкап кај луѓето кои имаат сува кожа?

Сувата кожа може да пречи во апликацијата на шминка, резултирајќи во подлога со крлушест изглед.

Совет:

Да се изгланса лицето со топла влажна крпа за лице пред аплицирање на подлогата.

Следен чекор е нанесување на хидратантна крема, а доколку кожата на лицето е премногу сува, во тој случај пожелно е да се измеша течната пудра со малку хидратантна крема.

Што можеме да направиме за да ја подобриме состојбата на сувата кожа во долгорочен план?

* Секоја вечер треба да се нанесува  природно масло ( маслиново, масло од кокос, масло од гроздови семки, масло од кантарион и сл) поради присуството на витамините А, Д, Ц, Е и протеини што ја хранат кожата.

*Доколку кожата на лицето е сува се препорачува да избегнувате вода од чешма бидејќи тоа е тврда вода која содржи разни хемикалии како хлорот и други, кои дополнително ја иритираат сувата кожа. Користете минерална или преварена вода, а може да го миете лицето и со благ раствор од зелен чај поради присуството на антиоксиданти.

* Не треба да користите тоници и лосиони кои содржат алкохол бидејќи тоа дополнително ја намалува влажноста на кожата и предизвикува пукање и лупење на површинскиот слој.

*Луѓето со многу сува кожа не треба да се тушираат повеќе од 3 минути и при тоа треба да користат благо средство за туширање во мали количини. После туширање редовно да се нанесува природно масло, бидејќи не предизвикува алергиски реакции и иритации на кои е склона сувата кожа.

* Во никој случај не треба да ја триете кожата со рапав сунѓер во текот на туширањето, а ни потоа со пешкирот. Само завиткајте се и оставете кожата природно да се исуши и да впие дел од водата.

* Внимавајте на исхраната – во вашето секојдневно мени вклучете овошје и зеленчук и храна што ги содржи витамините А и Д кои се неопходни за здравјето и добрата состојба на кожата. Се препорачува да користите рибино масло. Секојдневно треба да конзумирате 6-8 чаши вода, со цел да се спречи дехидратација на организмот што од своја страна штетно ќе се одрази и на кожата.

*Користете редовно домашно приготвени маски за сува кожа, најмалку еднаш седмично.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag