Посесивноста и љубомората не се знаци за љубов, туку за контрола!

popara13 октомври, 20121min00
љубов и секс

Пребрзо врзување и изразување љубов, љубомора и несигурност во вашите чуства, контролирање, па закани за раскинување се знаци кои покажуваат дека не се работи за здрав однос.

ПРЕБРЗО ВРЗУВАЊЕ

Партнерот кој уште на самиот почеток на врската потенцира колку му значите, ви кажува дека ве сака и ја планира вашата заедничка иднина е прв знак за узбуна. Иако таквите пофалби и ласкања и отвореното искажување на чуства ќе му годат на вашето его, сетете се дека се што звучи предобро да би било вистинито, највероватно и не е. Обидете се малку да се одалечите од таквата врска, па однесувањето на партнерот ќе ви открие дали сте претерале или сте биле на прав пат за бидете во врска со насилник.

 

ЉУБОМОРА

Посесивноста и љубомората се поими кои често се мешаат со љубовта, но тие се всушност поими за однесување кои ја убиваат љубовта и градат основа на која насилникот се брани под изговорот дека тоа го прави за да ја заштити својата љубов или пак од страв да не го изгуби својот партнер. Љубомората претставува најчест пример на однесување кај насилните љубовни односи. Обично знаци за љубомора се  оптужување поради разговор со други, провокативна облека и на крај оптужување за превара.

КОНТРОЛА

Иако за секој однос си постојат специфични правила, тие се малку или повеќе исти. Ако посесивниот партнер сака да има контрола над вас често ќе ви потенцира колку смеете да бидете блиски со други луѓе, кои луѓе тој ги смета за лоши и не ги сака во ваша близина и инсистира да знае за секоја минута каде се наоѓате.

ЗАКАНУВАЊЕ

Реченицата како “Ќе се убијам ако ме оставиш” или “Ќе те убијам ако ме оставиш” се изјави кои без сомневање покажуваат дека неговиот однос ни малку не е зрел. Доколку приметите такво хистерично однесување или голема тага, немојте да го мешате со поимот покажување љубов, затоа што тука се работи само за недостаток на самодоверба и одземање на правото за слободно размислување и право на сопствени одлуки.

ПОСТОЈАНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

Интуицијата е основа на која можете да се потпрете и да ги препознаете луѓето кои ве загрозуваат. Ако без вистински причини чуствувате дека пред партнерот мора да внимавате што зборите, правите дури и мислите, тоа е знак дека не се наоѓате во рамноправна врска, туку во врска која ви создава напетост и тешкотии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag