Брановите исфрлиле огромно око на една плажа на Флорида. Експертите за сега не можат да одредатна кое суштество му припаѓа овој орган.
На неочекуванотот откритие во средата утрото налетал локален жител кој џогирал на плажата.
“Окото беше многу ладно и крвареше и откако ја ставив во кеса”, изјавил тој. Човекот, сензационалното откритие го чувал во фрижидер до доаѓањето на научниците.
Окото е испратено во Институт за истражување на риби и дива природа на Флорида за натамошно истражување.
Окото ќе го прегледаат научниците и ќе се обидат да откријат за кое морско суштество се работи. За сега се шпекулира дека може да се работи за џиновска лигња, кит или многу голема сабјарка.