Еден од моментално најпознатите селебрити двојки на светот, Ким Кардашијан и Кание Вест планираат да започнат свој заеднички моден бренд.
Според американските медиуми, Ким и Кание, кои новинарите уште и нарекуваат и Кимие, наводно веруваат дека комбинацијата од нивните имиња и модни стилови создале одличен бренд, кој ќе има голема комерцијална вредност.
Инаку, повикувајќи се на написите на американското издание на магазинот ОК!, многу светски медиуми ја пренеле веста дека Ким и Кание очекуваат бебе! Меѓутоа, се испоставило дека се закачиле на замката на уредниците на списанието, кои на насловната страна на магазинот напишале дека Ким е бремена и сама, а во внатрешноста на сраните пишува дека најголем страв на Ким, е ако остане бремена со раперот и бременоста да ја помине во самотија.
Реалити ѕвездата и познатиот рапер во врска се веќе шест месеци. Ким неодамна изјави дека животот со него е совршен, бидејќи покрај тоа што тој е нејзин љубовник, тој е и нејзиниот најдобар пријател.