Некои од најголемите + size модели целосно се соблекле за најновиот број на Plus Model магазинот.
Октомвриското издание на магазинот за полни жени се занимава со чувствителната тема за срамот на крупните жени кои го чувствуваат поради нивните тела.
Уредничката Медлин Џонс изјавила дека целта на кампањата во овој број на магазинот е да го привлече вниманието на луѓето кои од некоја причина се срамат од своите тела.
“Срамот поради телото е се повеќе присутен во нашите животи – Полните жени секојдневно се изложени на омаловажување и дискриминација само поради тоа што се крупни, меѓутоа и слабите луѓе се подеднакво предмет на потсмев”, изјавила таа.
Со цел да допрат до што поголем број на луѓе, уредништвото овој број го објавил на својата Интернет страна, а веќе го погледнале 600.000 луѓе.