Северина изгубила 3.5 милиони евра

popara16 октомври, 20121min00
severina

Поповиќ и Вучковиќ потпишале договор кога пејачката забременила и според него таа, доколку дојде до прекин на врската, има право само на алиментација.

Милан Поповиќ на време го заштитил својот имот во случај да се раздели од Северина Вучковиќ. Хрватската ѕвезда веројатно нема да добие ништо, освен алиментација за синот Александар!

-Кога Милан одлучил да има дете со Северина, неговите адвокати направиле договор со цел да го заштити својот имот, кој се проценува на повеќе од десетици милиони евра. Северина го потпиша тој документ. Таа не можела ниту да замисли дека договорот ќе стапи во сила, бидејќи веруваше дека ќе останат заедно, одобено откако забремени, вели извор близок на српскиот крал на бакарот.

Ако Поповиќ не инсистирал на тоа, пејачката сега би можела судски да побара процент од се што Поповиќ стекнал во претходните две години. Според некои наводи, тој инкасирал дури седум милиони евра во недвижен имот. Доколку шест месеци живееле под ист покрив, жената има право на половина од имотот, што во овој случај излегува дека Северина има право на три и пол милиони евра. Колку ќе добие, можат да се договорат и сами или со помош на правен застапник.

Адвокатот Недељко Марковиќ вели дека е можно да се направи таков договор, без оглед на тоа дали двете лица склучиле брак или живеат во вонбрачна заеднца.

-Кај нас, во склучување на ваков договор владее атмосфера на волја, што значи дека странките сами утврдуваат како ќе се склучи некој договор, откако тој произведува правно дејство, правото одлучува за него. Со оглед на тоа дека не се познати фактите на самиот договор, не можам детално да се изјаснам за него, но доколку навистина склучиле договор и доколку истиот произведува правно дејство од моментот на склучувањето, односно од времетраењето на заеднички живот на изведувачите, тогаш може да се разговара за конкретниот случај, нагласува Марковиќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma