Минатата ноќ во фабриката за чоколади Крафт дошло до излевање на киселина која може да предизвика катастрофа.
Поради можна катастрофа во северна Германија прогласена е вонредна состојба, јавува германскиот “Билд”. Всушност, минатата ноќ во фабриката за чоколади Крафт дошло до мешање на хемикалии, односно до излевање на киселина во контејнерот со алкалии, поради што се евакуирани 1.800 жители од околината на фабриката.
Портпаролот на компанијата која произведува Милка чоколади, кафе и млечни производи изјавила дека несреќата се случила случајно и дека не се работи за намерен обид за труење на производите. Ситуацијата сеуште е алармантна, бидејќи температурата на резервоарот со сода продолжува да расте.
Пожарникарите се на терен и се надеваат дека ситуацијата во текот на денот ќе се доведе под контрола и ќе им овозможи на евакуираните 1.800 жители да се вратат во своите домови.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=q4-b_2Z4IBU