Новопечената мама Меган Фокс на својот Фејзбук профил на обожавателите вчера им открила дека малиот Ное Шенон го родила на 27 септември.
Меган Фокс и Брајан Остин Грин станале родители пред три недели, но оваа среќна вест ја криеле се сега. “Многу сме среќни последните неколку дена во кои навистина уживавме, а сега оваа убава вест одлучивме да ја споделиме со вас”, напишала 26-годишната актерка на својот Фејзбук.
“Нашиот син Ное Шенон се роди на 27 септември, тој е здраво среќно и совршено бебе”, објавила гордата мајка. Двојката е две години во брак и додека на убавата Меган ова и е прво дете, Брајан веќе има десетгодишен синКасиус Лиаха од врската со Ванеса Маркил.