Аеродромот личи на црвениот тепих кога тип-топ средената Ким се појавува!
И додека другите се обидуваат да бидат незабележани на аеродромот, тоа не е случај и со Ким Кардашијан.
Реалити ѕвездата често лета со авион, а бидејќи снимала нови сцени за шоуто ‘Keepin Up With Kardashians’, папараците ја следеле и на аеродромот.
Патот од Мајами до Лос Анџелес трае можеби неколку часа, но Ким уште долго ќе остане во сеќавањата на оние кои ја забележале по пристигнувањето. А како да не ја забележат кога Ким сомоуверено прошетала во секси комбинација со раскошно деколте, кожни хеланки, а преку се ја префрлила и бундата.