Дека и познатите холивудски ѕвезди лесно можат да завршат на улица, докажува случајот на Роберт де Ниро, кој станал бездомник откако неговата куќа била уништена во пожар.
Во јуни, причина за големиот пожар во куќата на Де Ниро била расипаната машина за перење, но актерот и неговата сопруга одлучиле прекрасното здание во паркот Central West во Њујорк, што побрзо да го обноват и да се вселат. Но, по три месеци борба со реставрација на урнатините заклучиле дека во овој објект повеќе нема да биде возможно да се живее, па затоа се иселиле.
Додека не пронајдат ново семејно гнездо, планирале да живеат во изнајмен стан на 64 кат во облакодерот Park Imperial. Но, во агенцијата преку која барале стан, очигледно не ја зборувале вистината за изгледот и состобата на станот. Ветиле дека ќе им најдат нов стан, а додека тоа не се реши, двојката ќе мораат да се снаоѓаат по хотели и кај пријатели. Во потрага по нов дом двојката ги вклучиле сите пријатели и познаници – бараат стан со пет соби со многу простор за облека и чевли.