Кога го изгубила своето прво дете, Ширли го одбила предлогот од лекарот да ги донира неговите органи . Неколку години подоцна, нејзиното второ дете имало потреба од трансплатација на срце, но детето починало чекајќи орган.
Мајката која ги изгубила двата сина поради проблеми со срцето се вклучила во кампањата која луѓето ги поттикнува да донираат органи, со цел во иднина да се спасат што повеќе животи.
Поточно, Ширли Вилсон (27) го родила првиот син на 19 години, но тој починал по три месеци поради проблеми со срцето. Младата мајка тогаш одбила да ги даде органите на нејзиното дете, но осум години подоцна сфатила дека згрешила. Тогаш и се разболел третиот син,Мекензи кој го добила од вториот брак, а можел да го спаси само донатор.
„Кога Мекензи се разболе, се чувствував лошо, бидејќи знаев дека во минатото некоја друга мајка беспомошно седела и чекала како мене. Реков „не“ кога можев да спасам нечиј живот и ми требаше мајка која ќе ми рече „да“ за да го спасам мојот“, вели Ширли. Но, детето почина бидејќи не успеав да најдам донатор.
Иако момчето поради лоша здравствена состојба било на самиот врв на листата на оние кои требало да добијат срце, донатор не бил пронајден и момчето починало само неколку недели пред неговиот втор роденден.
Во јули оваа година, Ширли ја родила ќерката Медисон, а само 52 часа по нејзиното ражање, мајката ја додала на листата на донатори. Од бракот со првиот сопруг Ширли има и син Кори (7).
-Мојата вина ќе остане засекогаш со мене, но се надевам дека со раскажување на мојата приказна ќе ги охрабрам другите да станат дел од листата на донатори, заклучила Ширли.