Научете да бидете неодоливи !!!

popara18 октомври, 20121min00
neodoliva zena

Сигурно милион пати сте се запрашале како да станете неодоливи и вистински магнет за машкиот род…

Бидете трпеливи

90 проценти од мажите ги обожаваат стрпливите жени. Немојте да форсирате ништо. Препуштете текот на врската да се развива по природен пат.  Зошто трпеливоста е толку привлечна за мажите???

Ретка е !!!

Грижете се за себе…

Дотерајте се… Без разлика на внатрешната убавина немојте да ја занемарите надворешната… Здрава и уредна коса, убава кожа, пристојна шминка и гардероба… Ова се работите кои не смеете да ги игнорирате. Мажите не очекуваат да бидете супер модел, но морате да водите грижа за себе и Вашиот изглед.

Не бидете премногу сериозни и грижливи

Мажите едноставно не можат да им одолеат на жените кои се пријатни и не се однесуваат кон нештата претерано сериозно, а особено оние кои знаат да се пошегуваат и да ги насмеат. Ако бидете премногу сериозни, загрижени или не оставате простор за шега и забава, секој маж би изгубил интерес за Вас.

Имајте млад дух

Голем број жени веруваат дека со годините ја губат привлечноста поради тоа што на нивното тело и лице се забележуваат годините. Но тоа е вистинска заблуда… Вие ја губите привлечноста доколку така се чувствувате во душата…Да се има млад дух значи дека не постои злоба, разиграност, детско однесување ( да не се претерува) и неоптеретеност со одговорности. Мажите чувствуваат кога жената има младешки дух независно од нејзините години.

Привлечен говор на тело

Експертите тврдат дека 93 проценти од вкупните комуникации се одвиваат преку говорот на телото и бојата на гласот, а само 7 проценти на зборови. Доколку внимавате само на тоа што ќе го изговорите, занемарувајќи ја телесната комуникација тогаш Вашата привлечност се намалува во очите на мажите. Смејте се, исправете се, мирисајте убаво, бидете опуштени…

Избегнувајте негативни емоции

Сите емоции изразувајте ги на позитивен начин, па и оние негативните. Позитивните жени ги привлекуваат мажите како магнет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag