Бизарна опсесија: Ја мие косата 25 пати, а рацете 200 пати на ден!

popara19 октомври, 20121min00
abdulah

Џулија Абдулах е опседната со хигиена. Некогаш косата ја миела и до 25 пати и трошела 2 литри шампон.

Иако според статистиките, многу луѓе имаат развиено прилично лоши хигиенски навики, ова сигурно не е случај со Џулија Абдулах од Малезија. Таа страдала од псесивно-компулсивно нарушување, поради кое дневно косата ја миела 25 пати, а под туш поминувала и по пет часа.

Оваа своја опсесија Џулија Абдулах ја развила пред 20 години, кога работела како техничарка во лабораторија, каде често пренесувала примероци од урина, измет и крв на ХИВ тестирање.

Од тука во навика и преминало честото и темелно миење на раце, а кога забележала дека тоа го прави пречесто, мислела дека самата може да се одвикне од таа опсесија, но состојбата со зависноста од миење само и се влошувала.

Поради опсесијата со миење на рацете Џулија набрзо останала без работа, бидејќи постојано доцнела на работното место и во извршувањето на обврските. Сметките за вода станувале сè поголеми, а до пари доаѓала со продавање на отпадот од соседите кој почнала да го собира дома.

Со тек на време Џулија станувала сè подепресивна поради својот проблем, па за помош се обратила во организацијата SAMH (Singapore Association for Mental Help), која на почетокот многу и помогнала. Подоцна Џулија почнала да ги прескокнува терапиите, па нејзината опсесивна состојба се вратила на старо. Почнала да троши две еднолитарски шишиња шампон и дури 21 сапун дневно, како и многу време во чистење на своето тело, така што тоа и предизвикувало толкав замор што потоа немала енергија за ништо друго.

За сета среќа, нејзиниот советник од ЅАМН одлучил да ја пријави во институција за психички болни луѓе, каде Џулија помина три недели. Денес таа е ослободена од својата зависност со чистотата и изјавува дека повторно има контрола над својот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag