Модни совети според хороскопските знаци

popara22 октомври, 20121min00
modni soveti

Овен

Вам ви се допаѓа војнички стил и во еден период од животот сигурно ќе посакате  да се облекувате така, макар тоа да биде и само детал. Обожувате спортска облека, патики, тренерки, но користете ги таму каде што им е местото: на спортските терени.  Со текот на годините, сакате да изградите сериозен имиџ затоа што ви е битен впечатокот кој го оставате.  Најсекси дел од телото на жената-овен се нозете, па нагласете ги! Изборот нека падне на кратките панталони наместо на мини здолништа. Добро ви стојат недеколтирани маички или ролки, но откријте ги рацете и главата.  Добро би ви прилегала кратка коса.   Карактеристична боја за вас е црвената. Омилен материјал, секако волната.

Бик

Не сте толку оспеднати со модата, но знаете да одите во крајности. Или имате крајно опуштен однос и боемски стил на облекување, или носите само брендирана облека. Дури и кога немате преполн плакар со алишта, знаете како да ги комбинирате. Имате карактеристичен врат (и глас) и не поднесувате шалови и накит, па затоа ако веќе сакате да ги носите, носете ги спуштени. Жената-бик не сака да ги нагласува своите облини, но затоа нагласете ги вашите главни адути: градите и вашата бујна и долга коса. Ви прилегаат нежни и пролетни бои, особено зелената.  Добро ви стојат тенки материјали и оние кои лесно паѓаат.

Близнаци

Вие сте зависници од мода. Изгледате најмладолико од сите хороскопски знаци, па таков е и вашиот стил. Посебно ви лежи спортска гардероба, фармерки и брендирани патики, уште подобро ако се „унискес“.  Делот од телото кој ги симболизира близнаците се рацете, па затоа оставете ги откриени. Жените нека облечат оригинален џемпер, или акцентот ставете го на необичните ракави. Сакате флуоресцентни бои, што дополнително ќе придонесе за тоа да не останете неприметени. Материјалите кои ги бирате се необични, почесто синетички отколку природни.

Рак

За разлика од близнаците кои би носеле „унисекс“ облека,  вие тоа не го поднесувате. Облеката ви е тајно оружје во освојувањето на спротивниот пол.  Скапа кожена јакна, добри фармерки со уште подобар каиш, тренди маица, се совршен избор за мажите. Жените-рак нека облечат црн деколтиран фустан, во кој ќе ја доловат целата своја женственост и посебно ќе ги истакнат градите. Ви одговараат и кошули со карнери и тесни здолништа. Ваша боја е бисерно белата, а од материјали ви одговара чипка.

Лав

Што и да облечете, вие тоа знаете да го носите. Воглавно делувате отмено, но понекогаш знаете и да се облечете премногу нападно, затоа внимавајте. Сакате да сте максимално дотерани и да носите убави и скапи работи.  Наместо да ги истакнете градите или нозете, во ваш стил е вниманието да го привлечете со накит. Жената-лав има карактеристична бујна коса, која лесно се одлучува да ја обои плава (доколку има потемна), но сепак размислете два пати доколку имате потемен тен. Ваша боја е златната, а омилени материјали крзно и свила.

Девица

Поради манекенската градба, особено во младите години, што и да облечете ќе делува добро и префинето. Најчесто се облекувате скромно и неупадливо. Бирате квалитетна облека во која ќе се чувствувате пријатно. Ги почитувате класичните модни правила. Жените-девици сакаат да се пракитчни па затоа одберете големи чанти и облека со џебови, па макар и фустанчиња. Ви одговараат кратки јакни, фустани со ситни цветни детали и колеџ стил. Не сакате високи потпетици, па изберете мокасинки. Ви прилега кобалтна боја и облека од природни материјали: памук, свила, волна.

Вага

Вие држите до физичкиот изглед,  склони сте кон импулсивно купување, особено на модни детали.  Сакате префинет и класичен стил. Носите убава облека, но едноставна и по можност без украси. Слабост на жената-вага се квалитетните чевли и секако соодветна чанта. При купување секако ќе ви треба помош при донесување на одлуката. За да не поминете повеќе време на телефон и да се мачите до најситен детал да ја опишувате облеката што ви се допаднала, подобро повикајте си пријател со себе. Нежните есенски бои се создадени за вас, а идеален материјал е ленот.

Шкорпија

Вие сте најсексапилниот и најдраматичниот хороскопски знак, па затоа повеќе одбирате секси облека отколку елегантна. Сакате да внесете доза на мистичност во вашиот изглед, за што ви помагаат вашите продорни очи. Жените-шкорпии  обожаваат садо-мазо комплети и проѕирна облека. Подобро одберете совршено скроени одела отколку фустани и здолништа, придружени секако со високи потпетици. Потрудете се и околу шминката. Црната боја и кожата се идеална комбинација за вас.

Стрелец

Ги следите модните трендови, без разлика дали купувате од најскапите трговски центри, елитни бутици или улични тезги. Што и да облечете, делува отмено. Умеете за пет минути импресивно да се средите. Вие никогаш нема да погрешите доколку носите фармерки. Сепак жените-стрелци треба понекогаш да ги истакнат своите долги нозе во мини здолништа или кратки панталони во боја на песок. Нозете можете да ги истакнете и со добар избор на чизми. Не им давате големо значење на материјалите.

Јарец

Вие го почитувате деловниот кодекс на облекување, без разлика колку тоа одговара на вашиот карактер. Често лутате додека да го пронајдете вашиот стил, како да се срамите да ја истакнете вашата фигура, сепак луѓето ќе ве приметат по вашето маестрално движење.  Жената-јарец попрво би носела добро скроени костуми, отколку здолништа. Но сепак за некои посебни прилики, облечете фустан кој ќе го го истакне ваштиот убав грб. Вам ви прилегаат црно-бело варијанти.

Водолија

Вие сте најнеконвенционалниот знак кој има постојана потреба за трансформација. Вие не ја следите модата, туку модата ве следи вас. Носите квалитетни марки на облека, обувки но и часовници и парфеми. Талентирани сте за генијална импровизација. Жените обожаваат накит и шминка,  дури и перја на облеката. Потрудете се секогаш да изгледате сексипилно, тоа ќе ви годи. Ќе блеснете во сите нијанси на сината боја.

Риби

Вие сте оригинални и романтични. Непогрешливо знаете да одберете што најдобро ви прилега, дури и кога имате килограм повеќе.  Секогаш изгледате префинето. Најголемиот број на модни креатори се родени во вашиот знак. Жената-риба го обожава изгледот на сирена, исто така обрнува внимание на накит, особено ланчиња и прстени.  Овој изглед може да го надополните со атрактивен лак за нокти или француски маникир. Ваша боја е сребрената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma