И додека обичните смртници можат за таа цифра само да сонуваат, Џесика Биел и Џастин Тимберлејк на венчавката потрошиле околу 6,5 милиони долари.
За раскошна венчавка сонува речиси секоја девојка, а ниту мажите не се имуни на тоа. Гламурозната венчавка одржана е изминатиот викенд, а актерката Џесика Биел и пејачот и актер Џастин Тимберлејк го изговорија судбоносното ‘да’ по пет години врска.
Венчавката од 6,5 милиони долари се одржа во јужниот дел на Италија во ресортот Borgo Egnazia, кој спаѓа во еден од најскапите меѓу познатите. Целиот хотел бил украсен со бели цветови, нивните пријатели и семејството славеле заедно со ѕвездите, а на свадбената забава имало многу содржини за гостите и се завршило со богат огномет.
“Прекрасно е да се биде во брак, церемонијата беше прекрасна и беше навистина посебено со нашето семејство и пријатели”, изјавиле Џастин и Џесика по церемонијата.
Сепак, најскапата венчавка била онаа меѓу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон која е проценета на дури 34 милиони долари.