Иако фотомоделот Доузен Крос изгледа речиси совршено, тоа очигледно не било доволно за уредниците на Victoria’s Secret, кои одлучиле нејзините фотографии да ги ретушираат пред објавувањето.
Всушност, во август оваа година Victoria’s Secret по грешка објавиле 20 оригинални, непоправени фотографии ос снимањето на фотомоделот Доузен Кроз. Сега, кога се објавени официјалните верзии од тие фотографии, може да се забележат разлики меѓу оригиналот и ретушираните фотографии.
Поголемиот дел од корекциите не се толку шокантни и нема големи промени во формата на нејзиното тело. Најголемите промени можат да се забележат во бојата и облеката која ја носи.