Американскиот претседател Барак Обама и републиканскиот кандидат Мит Ромни во понеделникот ноќта разговараа за националната безбедност на третата и последна телевизиска дебата пред претседателските избори во САД. Кандидатите за претседател разговараа еден час и половина, меѓу другото и за ситуацијата во Кина.
Обама изјави по дебатата како неговиот ривал Ромни бил најмногу фокусиран на надворешната политика на САД, додека Ромни рече дека Обама не е добар лидер на САД како една од главните светски сили. Обама и Ромни во неколку наврати и се согласија за состојбата во Израел и Сирија, а Ромни се согласи со Обама и за фактот дека до 2014 година ќе се повлечат сите американски војници од Авганистан.
Ромни за време на дебатата му честиташе на Барак Обама за егзекуцијата на озлогласениот Осама бин Ладен и изјави дека САД мора да продолжат да се борат против тероризмот, како до сега. Обама коментираше дека бил среќен што Ромни ја истакна важноста на борбата против тероризмот.
На крајот на дебатата, Обама и Ромни беа врзани со гласовите, според анкетите спроведени од страна на локалната телевизиска станица. До претседателските избори во САД има уште две недели.