Седумдесет и шестгодишен пешак загина откако во него удрил автомобил, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила околу 18 часот на улицата Бутелска, кога автомобил марка “БМВ 320“, управувано од 31-годишниот О.С. од Скопје удрил во 76-годишниот Анѓеле К. од Скопје.
Повредениот старец, кој се здобил со тешки телесни повреди, веднаш бил пренесен во болница, каде во 20 часот починал.
Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа, а по наредба на истражен судија, телото на починатиот е предадено на обдукција.