Дали е ова можно? Бред ја напуштил Анџелина по жестoка расправија?

popara24 октомври, 20121min00
бред и андјелина

Во странските медиуми се појавила вест  дека познатиот пар се разделиле по жестока расправија.

Иако се чини невозможно дека нешто можело да го наруши односот на Анџелина Џоли и Бред Пит, американските медиуми пренесуваат дека во последно време двојката се расправаат поради наводните проблеми на Бред со алкохол и дрога. Медиумите пренесуваат дека Анџелина се плаши дека Бред ќе ја изневери и поради тоа има проблеми со испади на бес.

“Нејзината несигурност не е ништо ново, но нејзината параноја во последно време е неконтролирана, а потенцира и страв дека Бред на некој начин се одалечил. Таа постојано мисли дека тој нешто сокрива од неа”, пишува Hollywood Spy.

“Иако Бред постојано негира, Анџелина е уверена дека повремено тој пуши марихуана и некои посериозни дроги. И пречи и неговото опивање”, открива изворот. “И за време на подготовките за венчавката се расправаа, бидејќи Анџелина рекла дека од венчавката нема да иде ништо ако Бред не оди во центар за рехабилитација. Му порачала дека неговото опивање и дрогирање е прекршување на договорот “, открива истиот извор, а бурните расправии резултирале со тоа што Бред наводно ја напуштил нивната нова француска вила.

Но, убавата Анџелина ја мачи и страшна љубомора. “Анџелина е загрижена дека на снимањето на новите реклами за Chanel, Бред ќе запознае млади, секси модели и ќе биде во искушение да залута”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma