Ајкула нападнала калифорниски сурфер во Санта Барбара, САД, на плажата во близина на воздухопловната база Вандерберг. Сурферот имал 38 години и според информациите кои ги соопштила воздухопловната база, сурферот не е вработена кај нив. По инцидентот, еден од неговите пријатели му пружил помош, а другиот веднаш повикал лекарска екипа, но по доаѓањето, медицинскиот тим констатирал смрт. Во моментов се истражува каков вид на ајкула го убила сурферот.