Податоците покажуваат дека околу 5,3 отсто од германското население живее во сиромаштија, бидејќи во склад со дефиницијата на европските статистичари, не може на време да ги си плати обврските, да јаде месо секој втор ден, да купи автомобил, машина за перење алишта или телевизор во боја.
Бројот на жители, кои се соочуваат со ризик од сиромаштија, пораснало на 12,8 милиони или 15,8 отсто од германското население. Службеници на германската канцеларија за статистика минатата година испитале 13.500 домаќинства за да може да утврдат дали им се доволни приходите од работа, социјални примања или пензии.
Сиромаштијата е дефинирана со исполнување на четири од девет критериуми.
Аналитичарите наведуваат дека Германија е најмалку погодена со рецесија од страна на останатите земји членки на евро зоната, но нејзините најсиромашни жители имале многу малку корист од економскиот раст.