Џејмс Бонд го фатила трема пред премиерата во Лондон

popara24 октомври, 20121min00
3

Навикнати сме да го гледаме како силен човек, меѓународен шпиун и заводник. Секако, станува збор за Џејмс Бонд, односно Даниел Крег.

Меѓутоа и Бонд понекогаш може да се разболи или пак е длабоко потресен и емотивен поради новиот филм. Се чини дека на Крег многу големо влијание има успехот, како личниот, така и новото остварување за агентот 007.

Крег (44) го промовирал својот нов филм “Skyfall” во Лондон.  Додека поминувал покрај насобраните фанови, влегувајќи во кино салата, овој британски актер со марамче го бришел влажното чело, а тука била и една непозната жена да му помогне.

Во еден момент Крег се издвоил од толпата, а по него и неговата помошничка. Таа дури го придржувала за рака. Нешто подоцна грижата околу него ја превземала неговата сопруга Рејчел Вајс, кој со раката му ја бришела потта од лицето. Изгледа дека инаку тој не е толку силен и самоуверен – Џејмс Бонд имал проблеми со трема или само настинат, а не сакал да ја пропушти премиерата.

Инаку, на премиерата во Лондон присуствувале и останатиот дел од тимот, меѓу кои Хавиер Баредем, девојките на Бонд, Наоми Харис и Беренис Марлох и останатите актери и актерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag