Њујорк, инспиративен и жив град, крие многу стамбени богатства…
Според многумина, Tribeka е еден од најдобрите избори кога станува збор за избор на стан во модерниот град кој никогаш не спие.
Изненадувачки поткровја, генијален внатрешен дизајн, идеи “заробени” во мали станови, оригинален мебел и целиот луксуз кој можете да си го замислите, се на едно место.
Во случај да размислувате за купување на стан во овој ексклузивен дел, ви претставуваме нешто што може да звучи примамливо: двособен дуплекс, кој се наоѓа во зграда од 1866 година.
Станот е сега на продажба, по неверојатна цена од 4,55 милиони американски долари. За оние кои се заинтересирани за купување, Prudential Daglas Elliman е продавачот.