Околу 30 луѓе загинале, а 50 биле повредени во самоубиствен бомбашки напад во џамија во текот на молитвата за Курбан бајрам на северот на Авганистан. Портпаролот на локалните власти, Ахмад Баидар, изјавил дека меѓу загинатите има и полицајци. Исламските верници денеска ја почнуваат прославата за најголемиот празник – Курбан бајрам.