Проговореа маите

popara26 октомври, 20121min00
Chichen Itza
Маите од Гватемала го кренаа гласот против измамите во последно време. Тие ја обвинија владата и туристичките огранизации дека шират лаги за крајот на светот од “чиста алчност“.
Тие наведоа дека не се кажува вистината за временските циклуци алудирајќи на бројните фирми и документарни филмови кои ја промовираат идејата дека календарот на Маите предвидува дека крајот на светот ќе се случи на 21.12.2012. Сосема напротив експертите наведуваат дека според календарот на Маите на 21 декември доаѓа крајот на еден календарски циклус, но не и на светот. Новиот циклус означува “почеток на големи промени на личен и семеен план како и на ниво на заедница со цел меѓу човештвото и природата да настапи рамнотежа.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag