Насмевката го намалува стресот и штити од болести на срцето и крвните садови, потврди најновата студија посветена на оваа тема.
Експертите откриваат дека насмевката го намалува нивото на стрес и го намалува срцевиот ритам, додека човекот извршува тешки задачи. Експертите ги анализирале последиците од различните видови насмевки во тешки ситуации.
Авторите на студијата ги поделиле насмевките на две категории – стандардни насмевки кои ги активираат мускулите околу устата и искрени насмевки кои ги ангажираат мускулите околу устата и очите.
И еве накратко за резултатите од експериментот: Во споредба со луѓето со неутрален изглед на лицето, учесниците кои се смееле имале многу постабилен и нормален пулс после опоравувањето од стресова ситуација на која сите учесници биле подеднакво изложени.
Според д-р Пресман откритието покажува дека насмевката по време на кратка стресова ситуација може да помогне за намалување на интензитетот на стресовата реакција на телото независно дали човекот навистина е среќен.
Затоа секогаш кога ќе ви биде тешко и кога сте лошо расположени, насмевнете се неколку пати пред огледало. Ништо не губите, насмевката е безплатна и многу моќна!