Актерката Линдзи Лохан е позната по своите клептомански наклонетости, а кражбата која неодамна ја направила не можела туку така да помине.
Ѕвездата од сетот на филмот ‘Scary Movie 5’ се обидела да украде облека вредна 15.000 долари.
“Од сетот во Атланта исчезнале вредни здолништа и маички, кои подоцна се најдени во ормарот на Линдзи Лохан. Претпоставувам дека ги сметала како бесплатен сувенир, како што е сапунот во хотелот”, открил извор близок до актерката.
Сметајќи дека не им се исплати да отпуштат така голема ѕвезда, продуцентите одлучиле да ја задржат Линдзи во филмската екипа, а 15-те илјади долари и ги одбиле од хонорарот.