Метеролозите во САД предупредуваат дека ураганот Сенди, кој се доближува до континентална Америка, може да биде една од најлошите бури во историјата на човештвото, односно дека се заканува да прерасне во бура-хибрид полоша и од онаа на филмот „Совршена бура“.
Научниците тврдат дека Сенди е уште едно предупредување на климатските промени кои му се закануваат на светот, бидејќи тие ќе предизвикаат бурите да бидат многу пожестоки, поинтензивни и подолготрајни од оние на кои сме навикнати.
Всушност, метероолозите предвидуваат дека во наредните неколку дена неколку помали бури и урагани ќе се соединат и ќе создадат супер-бура наречена „Франкенсторм“, комбинација на силен ветар, обилен дожд, екстремно ниски температури, екстремна плима и други опасности. Според проценките на експертите, бурата од досега невидени размери ќе предизвика штета поголема од една милијарда долари.