Кога ќе дојде вистинскиот, ќе го препознаеш!

popara28 октомври, 20121min00
ljubov

Дали е тој вистинскиот? Ќе има ли некаква хемија меѓу вас? Ќе бие ли лудо срцето кога ќе помислиш на него? Тој ли е оној што ќе го постави судбоносното прашање на кое ти ќе кажеш „ДА“?

Еве ги знаците кои ќе ти покажат дали си ја сретнала вистинската љубов и дали ќе потрае љубовната магија:

Немаш желба да се гледаш со други…

…и тоа сосема доброволно. Единствената твоја желба е да ја искористиш секоја слободна минута со саканиот. Да правите се заедно, дури и да излегувате заедно, само вие двајца, без пријатели.

Го фрлаш старото тефтерче со телефонски броеви…

…не само да ја фрлиш хартиената варијанта, туку реално да немаш веќе никаква желба да одржуваш контакти со бивши партнери или симпатии. Тоа е знак дека нема ревизија на старите врски и дека во оваа нова врска нема веќе враќање назад. Во зрелите врски нема место за манипулативни игри.

Спремен си да го направиш невозможното

да отидеш на место што не го сакаш и тоа сосема доброволно и без жалење. Идејата дека ќе бидеш со саканиот човек е доволна сама по себе за да си поминеш добро.

Во следната фаза од врската оваа заслепеност веќе нема да ја има. Но ако прерасне во вистинска врска секоја ќе треба да биде себе си и се помалку ќе се налага да се прават работи кои не ги сакаш.

Идејата да се забавувате секој на свој начин и на различни страни ви изгледа ужасна.

Во почетокот на врската си пристрасен кон идеата да бидете заедно во секоја ситуација и момент. Но овде постои реална опасност човекот да испадне не таков каков што си сакала или ти да не бидеш човекот што тој го барал.

Паѓаш на предизвикот да го покажеш своето вистинско „јас“. Кога вистински сакаш некого имаш потреба да бидеш сакан точно таков каков што реално си, зошто не сакаш да живееш во лага. И ако тоа се случи – нема сомнеж дека вие си припаѓате еден на друг!

Се чувствувате прекрасно заедно, како да се познавате цел живот и колку подолго сте заедно, толку подобро се чувствуваш.

Инстиктивно се гледате како еднакви во секој поглед и никој не прави повеќе компромиси од другиот.

Имаш потреба да споделиш и да се интересираш од проблемите на другиот. Спремен си на се да помогнеш кога ќе биде потребно.

Умеете вистински да се забавувате во моментите кога сте заедно.

Негувате еден кон друг внимание, респект, грижа, топол и близок однос што од своја страна не дозволува романтиката да згасне.

Сакате да го поминувате времето заедно во домашна атмосфера што ве прави да се чувствувате прекрасно, исполнето и на седмо небо…

Штом ваква љубов ќе ти се случи лесно учиш да простуваш…

Чувството дека можеш да имаш доверба во некого и дека 100% му веруваш ти дава сигурност и душевен мир, емотивна стабилност.

Емоционалната и сексуалната комуникација помеѓу вас се одвива спонтано, се чувствувате како две половини од една целина кои се нашле и кои од секогаш си припаѓале еден на друг. Имате чувство дека Судбината ве споила и дека тоа е човекот што сте го чекале цел живот. Едноставно знаете. Вашето срце вели: Да тоа е тој!

Меѓу вас има огромна позитивна енергија што прави да гледате со оптимизам на животот, ви дава мотивација и вера дека додека сте заедно нема невозможни нешта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma