Иако има милиони, Викторија Хант внимава на секој ‘денар’. Таа дури и не ја користи бањата, туку мокри во шише, а се бања во теретаната во соседството.
Американката Викторија Хант “спие” на милиони, а мокри во шише, бидејќи штеди вода. Урината ја истура во градината, наместо да троши вода во бањата при пуштање на водата.
Оваа богата жена од Колумбос, во државата Охајо, внимава на секој долар кој го заработува од изнајмување на многубројни недвижнини. Живее исклучително скомно, трошејќи само 12,000 долари годишно.
Покрај тоа што уринира во шише, оваа жена се тушира во теретаната во која вежба наместо дома, “копа” по контејнери и ја пребарува шумата за храна и подготвува оброци на заеднички шпорет.
“Поголемиот дел од цвеќињата се јадат. Се што е во облик на зрно може да се јаде”, озјаснила 51-годишната милијардерка.
“Не сакам никогаш повеќе да бидам сромашна. Некои луѓе сакаат да одат на педикир, а јас уживам во скромен живот и штедење на пари”, вели таа.