Потребни состојки:
- 2 Банани
- 1 белка од јајце
- 2 лажици јогурт
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици мед
1. Со вилушка ги притискаме бананите додека не добиеме еднолична смеса. Доколку сте во можност најдобро е да користите блендер како не би останале големи парчиња кои потешко се отстрануваат подоцна од косата
2. Ја матиме белката од јајцето. Не е потребно да ја матиме до снег.
3. Ја додаваме изматената белка во бананите и ги додаваме и останатите состојки ( јогурт, маслиново масло и мед )
4. Косата ја миеме со благ шампон. Ја сушиме со крпа и ја чешламе. На влажната коса ја нанесуваме смесата од коренот па се до врвовите. Ставаме капа. По 30 минути ја миеме косата повторно со благ шампон и оставаме да се исуши природно.