Колекцијата е разновидна, но единствена и е безвременската заводливост – нешто што и е потребно на секоја жена!
Тука се интересните капути, преполни со детали во убави есенски бои, несекојдневни јакни, карирани и плисирани здолништа, удобни кошули и маички, фустани од сите видови и стилови, елегантни блузи, хеланки…А сето тоа е надополнето со интересни чанти и чевли. MAX & Co. има нешто и за жените кои сакаат да рокерски изглед – па затоа присутни се и кожени јакни и панталони, како и интересни црни кошули и туники, како и полу-проѕирни кошули.
Значи, оваа колекција обезбедува се што е потребно да бидете тренди. Удобна е, а сепак модерна, оваа облека е совршена за ладните месеци, на вас е само да го одберете она што најмногу ви се допаѓа.