Ештон и Мила чекаат бебе?!

popara30 октомври, 20121min00
ashton-mila

Иако на почетокот својата врска ја држеа во тајност, последните месеци повеќе не кријат дека се заедно. Ако судиме според фотографиите настанати за време на викендот Мила Кунис и Ештон Качер наскоро ќе имаат причина за славење: убавата актерка изгледа е бремена!

Поточно, папараците ги фотографирале Мила и Ештон во опуштена прошетка. Сепак, во прв план е стомачето на убавата актерка, кои светските медиуми го карактеризираат како бременост.

Актерите веќе неколку месеци живеат заедно. Двајцата во интервјуата потенцираат дека немаат ништо против тоа да станат родители. Ова не е прв пат да се шпекулира за бременоста на актерката. Американските медиуми во јуни пишуваа дека Мила е бремена, но оваа информација на крајот се покажа како неточна.

Инаку, Мила и Ештон се познаваат веќе 14 години, кога ја започнале кариерата во серијата Весели 70-ти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma