Кога е време да се разделите – еве 20 знаци кои ќе ти покажат дека работите не одат на добро
—> Наместо бакнеж наутро добиваш валкани чорапи на средината на собата, кои треба да исфрлат во корпа за перење и бесни извици од кујната зошто не си купила кафе.
—> Тој веќе не се грижи за тоа дали си дебела, кога си на диета или дали воопшто имаш намера да отслабнеш.
—> Тој се прибира пијан по средба со пријателите и лежи во кујната и дури и не се обидува да биде интимен со тебе.
—> Веќе не играте ‘игри’ за тоа кој ќе го фрли ѓубрето, тоа станува само ваша обврска
—> Се прави наудрен, кога ќе дојде времето да ве испрати (во случај да не живеете заедно).
—> Наместо да зборувате и да споделувате впечатоци од работниот ден заедно, двајцата седите пред компјутерите и молчите.
—> Сеедно ти е дали ќе излезеш со пријатели или дечко ти ќе те изведе во ресторан. Всушност веројатно повеќе го претпочитате првото.
—> Често заборавате важни настани за кои заедно сте се доовориле – кино, роденден, шопинг…
—> Веќе не ти помага со домашните обврски, па дури и обратно – постојано морате да трчате по него и да собирате остатоците од храна, шишиња и сл.
—> Иако постојано неговите родители ве канат на ручек, тој се почесто сака да не одите заедно.
—> Не гледаш причина да му се јавиш и да прашаш како се чувствува за време на работниот ден, откако и тој не се грижи за истото.
—> Веќе не му оставате мини белешки на ладилникот: “Добро утро, сонце. Ти направив кафе, а десертот очекувај го вечерва. ”
—> Бурните вечери се далеку во минатото. Наместо страствено и незапирливо стуткување на чаршафи, сексот стана обврска.
—> Дури и “Те сакам”, кажано од него звучи некако наизустено.
—> Планирате одмор индивидуално еден од друг – тој ќе оди со колегите да се забавува на планина, а ти претпочиташ да се видиш со своите родители и стари пријателки од детството.
—> Веќе не собирате магнети за фрижидерот од секое место што сте го посетиле од проста причина што повеќе не патувате.
—> Сте објавиле оглас на интернет дека ја подарувате мачката, бидејќи односите ви се толку деградирани и не може да се договорите кој да ја гледа.
—> Обраќањето како срце, миличко, маченце се реткост. Наместо нив почесто и двајцата употребувате некои од овие: паразит, дебел, пијаница …
—> Се поретко добивате комплименти.
—> Тој веќе не забележува кога имате нова фризура, нов фустан или сте нашминкани за посебен случај.