Македонија била причина за ветото кое Грција го доби од САД

popara17 мај, 20111min00
Flag-Pins-Greece-USA
Причина, како што стои во телеграмата која била обелоденета во јавноста од страна на “Викиликс“, за гневот на администрацијата на Буш е ветото врз Македонија на самитот на НАТО во Букурешт, со што бил одложен пристапот на Грција во програмата за откажување од визите“. Станува збор за вето врз одлуката Грците да патуваат без визи во САД, пишува грчкиот весник “Та Неа“, пренесува НетПрес.
Грчката влада во 2009 година иако гласала под притисок на САД за размена на информации и екстрадиција, залудно и’ било се бидејќи и покрај тоа Америка не одлучи да им овозможи слободно патување на Грците.
Во телеграмата која ја обелодени “Викиликс“, стои признание дека Грција е на ред за укинување на визниот режим и програмата за слободно движење и патување во САД, уште од 1999 година, заради недостатокот на биометриски пасоши, потоа следеле настаните од 11 септември 2001 година. Тоа се само дел од настаните кои ја држеа Грција во “чекалната“ пред слободниот влез во САД. Прашањето и покрај се’ останува нерешено поради “политички и бирократски одложувања“.
Се потврдува впечатокот дека Грција била “избришана“ од програмата во октомври 2008, кога седум европски земји добија зелено светло за патување во САД, а причина за тоа повторно се истакнува поради грчкото вето врз Македонија во Букурешт.
Бесот на администрацијата на Буш за грчкото вето во НАТО бил инспириран од одбивањето на Република Македонија да влезе во северно атланската алијанса, и тоа била главната причина заради која Грција не доби покана покрај шесте земји од Европа и Јужна Кореја за програмата во октомври 2008, со што Грција го доживеа тоа како казна.
Во друга тајна телеграма, исто така откриена од “Викиликс“, се наведува дека американскиот амбасадор во Атина, во месец април 2009 година дал уверување на тогашната шефица на дипломатијата Дора Бакојани дека САД сакаат Грција да се приклучи кон програмата за напуштање на визите, но и покрај тоа граѓаните на нашиот јужен сосед имаат потреба од визи доколку патуваат во САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag