Видео: Во Либерија дневниот весник се пишува со креда!

popara31 октомври, 20121min00
alfred J. sirleaf

Дневните вести во главниот град на Либерија, Монровија, локалните жители не ги листаат, туку ги читаат од табла.

Во главниот град на африканската држава Либерија луѓето генерално не имаат пари да купат весници, а за интернет дека не зборуваме, па генијалниот Алфред Ј Сирлиф започнал свој сопствен проект наречен “весник”.

The Daily Talk всушност се различни вести напишани со креда на табла, со повремен извадок од весник залепен на некое видливо место. Причина за проектот на Сирлиф е веројатно добро информираните луѓе да можат да го започнат напредокот во Линија.

Таблата на Сирлиф стои на булеварот Тубманов во центарот на Монровија. Од 2000 година Сирлиф секојдневно им ги презентира дневните вести на минувачите.

Генијалниот двигател на весникот не е ограничен само на пренесување на вести, туку има и тим на волонтери кои по градот трагаат по дневни локални новости кои потоа му ги раскажуваат. За меѓународните вести посетува интернет кафе.

Откако ќе ги собере сите вести во својата редакција (дрвена барака) на која е прикачена таблата со вести, излегува и со креда ги пишува новостите.

“Весникот” на Сирлиф настана за време на Граѓанската војна, која траеше 14 години. Поради своите повремени негативни коментари на сметка на потезите на власта за време на тие години неколку пати останал без својата табла.

Сирлиф никогаш не се откажал и го одржувал единствениот извор на вести во Монровија. Денес се обидува да го оживее интересот на жените (60% писмени) и мажите (25% писмени) за дневните вести и идинината на Либерија.

Сирлиф со помош на различни слики обезбедува вести и за неписмени. На пример, мал син шлем означува силата на силите на ОН.

Иако биле тема во весници како што се The New York Times, Алфред Ј Сирлиф и неговиот The Daily Talk сеуште преживуваат само благодарение на мали донации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma